Баба и дедо од Мелбурн станаа милионери – тикетот со 12 милиони евра стоел на фрижидерот

0
75

Баба и дедо од Мелбурн доживеале вистински шок кога откриле дека се сопственици на добитен тикет од лотарија вреден 13 милиони австралиски долари (околу 12,1 милион евра).

Според соопштението од лотаријата „The Lott“, брачниот пар бил еден од четворицата среќни добитници на извлекувањето на Powerball, со вкупен фонд од над 50 милиони долари.

Не знаеле дека добиле парот не го регистрирал тикетот, па организаторите не можеле да ги контактираат. Поминале неколку дена пред да сфатат дека можеби токму тие се добитници.

„Ова е неверојатно! Во шок сум. Немавме поим, а тикетот цело време беше покрај нас“, изјавила сопругата откако ги проверила броевите.
Тикетот бил избран по случаен избор преку опцијата QuickPick, а во комбинацијата се нашле и датуми значајни за нивната фамилија. Подоцна откриле дека тикетот – вреден цело богатство – целото време стоел на вратата од фрижидерот.

Парот, кој цел живот работел напорно, планира дел од добивката да ја вложи во иднината на своите деца и внуци, а за себе ќе си дозволат „помала куќа“.
Добитниот тикет бил купен во продавница во Источен Брајтон, а добитните броеви биле: 9, 22, 23, 3, 13, 28 и 32, додека Powerball бројот бил 5.

Власникот на киоскот, Саджад Садеги Гурбанди, изјавил: „Не можам да поверувам! Ова е првата главна награда што сме ја продале откако го преземав сопствеништвото пред две години. Пресреќен сум.“