Пронајдени 15 дронови и муниција во Куманово – неовластено ја снимале зградата на полицијата

0
100

На 12 септември 2025 година, по судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово извршија претреси во домовите на две лица – Д.Х. (47) и Д.Г. (51), како и во деловен објект сопственост на едниот од нив. Претресите се спроведени во рамки на истрага за неовластено снимање на зградата на СВР Куманово, службени возила и физичко обезбедување за време на настан по повод празникот 2 Август.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сомневањата произлегле од видео записи објавени на социјалните мрежи, снимени со дрон на почетокот на август. Во домот на Д.Х. биле пронајдени еден дрон, шест куршуми и нотарска документација, додека кај Д.Г. биле откриени 14 дронови.

Со двајцата осомничени се извршени службени разговори во полициска станица, а предметите се одземени и ќе бидат предмет на понатамошна истрага. По целосното расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.