Високи парични казни што достигнуваат и до 8.000 евра, одземање на возачките дозволи, па дури и активирање на Кривичниот законик, предвидува новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата во Грција што од денеска стапува во сила, а има за цел намалување на сообраќајните несреќи, јави дописничката на МИА од Атина.
Според Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, земјата е над европскиот просек во смртните случаи во сообраќајни несреќи на патиштата, а прекршоците, како што се користење мобилен телефон, пребрзо возење, неносење појас или кацига и возење под дејство на алкохол се клучните причини за несреќи.
Казни од 350 до 2.000 евра за употреба на мобилен телефон или за неносење појас или кацига на мотор, казни од 2.000 до 8.000 евра за брзина од над 200 километри на час, казна до 2.000 евра за поминување на црвено, активирање на Кривичниот законик при опасно возење, воведување систем на казни на повеќе нивоа при повторување на прекршокот, предвидува меѓу другото новиот во закон.
Превземено: Плусинфо

