Веќе од почетокот на јуни многумина забележале дека на терасите, прозорските прагови, па дури и внатре во домовите, сè почесто се појавуваат овие зелени, безопасни инсекти. Иако навистина не се опасни, нивното присуство знае да биде крајно иритантно, особено кога ќе се допрат или, уште полошо, ненамерно згмечат – тогаш испуштаат препознатлив, непријатен мирис кој тешко се отстранува и останува во воздухот со часови.
Еден од најефикасните начини за борба против “смрдливките” е воедно и еден од наједноставните: домашен спреј од детергент и бел оцет.
Станува збор за рецепт кој можете да го направите сами за помалку од две минути, со состојки што сигурно веќе ги имате дома. И што е најважно – делува веднаш.
Подготовка:
Во шише со распрскувач ставете половина литар топла вода.
Додајте една шолја алкохолен оцет.
Додајте половина шолја обичен детергент за садови, најдобро со благи цитрусни ноти.
Сè добро промешајте и спрејот е подготвен.
Најдобро време за третирање е рано наутро или навечер, кога “смрдливките” се најактивни.
Како да го користите
Попрскајте ги местата каде што најчесто се собираат – рамките на прозорците, аглите на терасите, надворешните ѕидови во близина на светлина и сите темни и топли површини кои им служат како засолниште.
Доколку ги забележите во домот, доволно е директно да ги испрскате и по неколку секунди да ги соберете со хартиена марамче без непријатниот мирис што инаку би останал ако ги згмечатe, и потоа да ги изнесете надвор.


