Левица ја кандидира Жаклина Филипова-Свеќаровска за градоначалничка на Кочани

0
87

Политичката партија Левица ја објави кандидатурата на Жаклина Филипова-Свеќаровска за градоначалничка на Општина Кочани на претстојните локални избори, кои ќе се одржат на 19 октомври.

Филипова-Свеќаровска е актуелна советничка во Советот на Општина Кочани од редовите на Левица. Таа е дипломиран македонист и професор во СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани, каде што активно работи во образованието и локалната заедница.