Не им се потребни контејнери на некои жители од улицата „Сутјеска“ во делот кај што почнува Радански пат.
Таму ѓубре и смет редовно се фрла секаде освен во контејнерите и специјално оградениот простор за тоа. Граѓанскиот апел на нашиот гледач е уште еден обид на „Исар“ да му се олесни работата и просторот да биде секогаш уреден и чист.


