Со одлука на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Ушинова е назначена за носител на советничката листа за Општина Штип.
„Горда сум што ќе бидам дел од тим кој верува во потенцијалот на Штип и е подготвен да работи за подобар живот на сите граѓани,“ изјави Ушинова, истакнувајќи дека оваа кандидатура претставува обврска за транспарентно и одговорно делување.
Поддршката за оваа листа е изразена и од страна на претседателот на Општинскиот комитет, г. Душко Иванов, како и од градоначалникот г. Иван Јорданов.
Со јасна визија и тимска енергија, ВМРО-ДПМНЕ влегува во новиот изборен циклус со целосна подготвеност да ги реализира очекувањата на граѓаните и да придонесе за напредок на Штип, истакна Ушинова


