Галаба Вереса Димова – Носителка на Советничката Листа на СДСМ во Штип

0
92

Галаба Вереса Димова, професорка во средно училиште во Штип, е официјално назначена за носителка на советничката листа на СДСМ и коалицијата во Општина Штип. Веста ја потврди кандидатот за градоначалник, Павел Иванов.

„Честитки за другарката Галаба Вереса-Димова која е носителка на победничката советничка листа на СДСМ и коалицијата. Со сплотеност, енергија и ентузијазам што не запира, тргнуваме напред, заедно со граѓаните, заедно за победа!

Досега покажавме што значи посветена работа, а сега продолжуваме уште посилно. Ова е време на надеж, промени и нови успеси – време е да докажеме дека заедно можеме сè,“ напиша Иванов