Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени дека сценаријата на немирите во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк можеле да се повторуваат и во Србија, но властите успеале да ги спасат сите животи. Тој изрази загриженост поради реакциите на дел од американската јавност, кои ги оцени како нечовечки.
Вучиќ ги критикуваше левичарите, обвинувајќи ги дека се претставуваат како авангарда, но дека си дале право да убиваат, додека „останатите немаат право ни да ги погледнат“. Според него, либералното движење создало ситуација во која домашните миленици се поважни од децата, за да не се налути левичарската елита.
Тој направи паралела со Србија, истакнувајќи дека најголемиот гнев кај опонентите се јавува кога се споменува дијалог или дебата. Вучиќ предупреди дека доколку опонентите ја преземат власта, може да се случи насилство и уништување на земјата за шест месеци.


