УХМР: Сончево со умерена облачност, максималната температура до 32 степени

0
53
Утрово во најголемиот дел од земјава времето е сончево со мала локална облачност, а по одделни котлини и речни долини има појава на слаба магла.

Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), в сабота во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

В недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме. Локален дожд ќе има и в понеделник претпладне, а потоа ќе настапи стабилизирање на времето.