Митрополитот Иларион одликуван со орден од СПЦ во Манастирот Рмањ

0
110

Митрополитот брегалнички на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, Иларион, е одликуван со Орденот на новомачениците Бихаќко-петровачки од СПЦ, поради неговата „покажана љубов кон Епархијата бихаќко-петровачка и светониколајевската света Обител на Манастирот Рмањ“, пренесе „Религија.мк“.

Митрополитот орденот го примил на првата литургија за прославување на светите Рмањски маченици во Босна и Херцеговина. СПЦ за маченици ги смета монасите и верниците кои биле убиени на подрачјето на Бихаќ и Босански Петровац за време на Втората светска војна. Во 1942 година, Хрватите-усташи го запалиле манастирот Рмањ и убиле илјадници луѓе во околината на двата босански града, тогаш дел од квислиншката Независна држава Хрватска (НДХ).

-Со благослов на Епископот Сергиј, светата Архијерејска Литургија во манастирскиот храм на свети Николај Мирликиски Чудотворец во Манастирот Рмањ ја отслужи Митрополитот Иларион, објави оваа епархија.