Грција – Oгромна стамбена криза: Половина плата оди на кирија

0
70

Според податоците на Eurostat, 31% од грчките домаќинства трошат повеќе од 40% од својата плата на трошоци за домување – највисок процент во цела Европска Унија. Кај изнајмувачите, овој процент се искачува на 60%, а ситуацијата е уште по драматична во региони како Крит и Западна Грција, каде речиси 85% од изнајмувачите живеат во услови на „стамбено пренаселување“.

Банката на Грција забележува континуиран раст, со зголемување на цените на становите за 8,9% во 2024 и за 6,8% во првиот квартал од 2025 година.

Ситуацијата со кириите е уште полоша. Во последните пет години зголемувањата во Аттика надминаа 40%, а во специфични области како Колонаки достигнаа 100%. Главната причина: Недостаток на станови