
Република Српска и возврати на Словенија за воведувањето санкции врз српскиот лидер Милорад Додик, забранувајќи им влез во РС на словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и министерката за надворешни работи Тања Фајон.
Владата на Република Српска оцени дека забраната за влез на Додик во Словенија е издадена без јасна правна основа и дека тоа претставува директно мешање во внатрешните работи на БиХ и кршење на меѓународните конвенции.
Како одговор на овие мерки, беше одлучено да се забрани влез на територијата на тој ентитет на Босна и Херцеговина од страна на највисоките политички функционери на Словенија. Тоа се Пирц Мусар и Фајон.

