УЈП: 213.5 милиони евра должат 6.000 фирми и физички лица

0
52

Управата за јавни приходи денес ја објави листата на должници со долгови доспеани од периодот 31-ви април па се до крајот на август годинава. По основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, и придонеси како и акцизи и царини, вкупната бројка на должници изнесува 2017 правни субјекти и 3993 физички лица.

„На Листата на должници до август 2025 објавени се 2017 должници – правни лица и 3993 физички лица. Вкупно објавениот нето долг  изнесува 13.020.353.892 денари, што е зголемување за 292.276.227 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.859.776.734 денари, додека долгот за царински давачки е 160.557.158 денари“, стои во извештајот на УЈП.