Уапсен мопедист со 2.36 промили алкохол во крвта. 53-годишниот охриѓанец завршил со лисици и во притвор

0
58

На 10.09.2025 во 17:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.К.(53) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, извршен на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници сопреле мопед со охридски регистарски ознаки, и по извршено алкотестирање е констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно му беа измерени 2,36 промили алкохол во крвта.