Земјотрес од 3.8 степени регистриран близу Центар Жупа. Епицентарот 15 километри под површината

0
67

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Македонија, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот е регистриран во 06:35 часот, на 16 километри источно од Центар Жупа, бележи Центарот.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.

Превземено: Денешен