ВИДЕО: 85 тони вода за два дена фрлил полицискиот хеликоптер во битката против пожарите кај Скопска Црна Гора

0
63

Полицискиот хеликоптер во изминатите два дена фрлил повеќе од 85 тони вода, информираат од МВР.

Вчера и завчера (09/10.09.2025), хеликоптерот Бел 412 на македонската полиција во повеќе наврати бил ангажиран за гасењето пожар на Скопска Црна Гора и притоа исфрлил преку 85 тони вода.
„Со брзата реакција и професионалниот ангажман, МВР даде важен придонес во справувањето со пожарот и заштитата на населението и природната средина, велат од МВР.

Превземено: СкопјеИнфо