Вечерва на полноќ завршува увидот во избирачкиот список

0
51

На полноќ завршува јавниот увид во податоците од Избирачкиот список за Локалните избори 2025, а два дена подоцна, на 13 септември на полноќ, завршува и рокот за доставување на листите за кандидати за градоначалници и за советници до општинските изборни комисии. (ОИК).

Граѓаните може да го направат јавниот увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и на нивната веб-страница и преку електронска пошта upisis@sec.mk можат да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список.

Со барањето се приложуваат и потребните докази, а обрасците можат да се пронајдат на веб страната на ДИК (sec.mk).