27-годишен беровчанец кој немал возачка дозвола со „Цитроен“ излетал од патот и завршил со тешки телесни повреди

0
38

Во ОВР Берово било пријавено дека на патот Пехчево-Делчево, на место викано „Крива Круша“, патничко возило „цитроен“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од А.П.(27) од Пехчево, кој немал возачка дозвола, излетало надвор од коловозот, информираа од полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.