Утре на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

0
42

Утре, 11 септември, на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври. Граѓаните имаат можност да ги проверат и коригираат своите податоци во подрачните канцеларии на ДИК или електронски, со приложување на потребната документација.

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека денеска увидот може да се направи до 20 часот, а утре службите ќе работат до полноќ за граѓаните да можат да ги проверат своите податоци.
По завршувањето на увидот, политичките партии можат да побараат копија од списокот до 11 септември, а конечната верзија ќе биде заклучена на 26 септември и потпишана најдоцна до 3 октомври.

Изборите ќе се спроведат во 80 општини и Градот Скопје, на 3.480 избирачки места.