Малолетен мотоциклист е тешко повреден откако се судрил со возило на скопска улица.
Како што информираа од полицијата, во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.З. од Скопје и мопед „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван 16-годишник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Превземено: СкопјеИнфо


