По големиот пожар во саботата, Стопанската комора апелира да се купуваат производи на Винчини

0
86

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески в петок ќе одржи состанок со синџирите маркети, на кој ќе треба да се разговара каква форма на кампања ќе биде реализирана преку малопродажбата со цел засилена продажба на производите на „Макпрогрес“ Виница.

Идејата на ваквата заедничка обединета бизнис активност во организација на Комората е во насока на поддршка на „Макпрогрес“ по пожарот кој сериозно уништи дел од имотот, опремата и капиталот на фабриката.

„Стимулирањето на зголемената домашна потрошувачка на производите на Макпрогрес според проекциите на менџаментот на компаијата, а во координација со активностите во Комората може да биде сериозна поддршка за обезбедување опстанок на фабриката, но најбитно и единствен начин за задржување на сите работници на работа во компанијата со што нема да се предизвика негативен ефект врз вработените и нивниот животен стандард“, се вели во соопштението.

Пожaрот во Макпрогрес, Винчини се случи во сабоатата вечер  и во него изгореа неколку погони и производни линии.  Компанијата во соопшение потврди дка има намера  фабриката  итно да ја изгради  а сите 400 вработни ќе ги задржат своите работни места.