Охридска семејна драма, 52-годишен го запалил глисерот, автомобилот и дел од зграда на својот брат

0
72

52 годишен охриѓанец бил приведен ноќеска под сомнение дека му го запалил глисерот на сопствениот брат. Според информациите кои ги сподели полицијата, тој се сомничи дека утрово пред 3 часот во двор од куќа во Охрид подметнал пожар при што покрај глисерот бил зафатен и еден дел од зграда како и автомобил Мерцедес, сопственост на неговиот брат, 45 годишен охриѓанец.
Во пожарот за среќа нема повредени лица. На терен веднаш пристигнале охридските пожарникари кои спречиле поголема материјална штета.

Подметнувачот бил задржан во полициска станица каде што го признал делото. Полицијата најавува дека против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Превземено: Пресс24