Колони на граничните премини за влез во државата. На ГП – „Богородица“ и „Ќафасан“ се чека и до час

0
79

Гужви биле забележани на граничните премини со Грција, каде што времето на чекање за влез во Македонија надминуваше неколку часа. На „Евзони“ возачите чекале од еден и пол до два часа, на „Дојран“ околу два часа, а исто толку и на „Меџитлија“.

Слична состојба има и на граничниот премин „Ќафасан“ кон Албанија, каде што колони од возила се протегаат со километри. Дополнителни проблеми им создава на патниците и метежот на патниот правец Охрид – Скопје, особено на потегот од Стража до Гостивар, каде што се чека речиси два часа.

Дека состојбата била навистина лоша зборува и видео објавено доцна синоќа на социјалните мрежи на кое се гледаат долги колини на граничниот премин во близина на Битола.

Превземено: Фактор