Кај Романец пронајден канабис на ГП – „Табановце“. Ја криел дрогата во неговиот личен куфер

0
50

На Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот Д.В. од Романија.

При гранична контрола и преглед на патничко возило „дачиа“ со романски национални ознаки, кое го управувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.