Затвореници ќе учат земјоделие и ќе се ресоцијализираат .Ова мегудругото го содржи Меморандумот,потпишан денеска од страна на Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски и в.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.
„Оваа иницијатива претставува значаен чекор во процесот на ресоцијализација и професионална обука на осудените лица, овозможувајќи им да стекнат практични вештини во земјоделството“, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Соработката ќе придонесе за подобрување на условите за ресоцијализација и подготвување на осудените лица за успешно враќање во општеството по извршувањето на казната.


