ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Возило излета од патот и се преврте, едно лице повредено

0
63

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 20:45 часот кај месноста Крива Круша, во близина на Пехчево.

Несреќата се случила кога возилото се превртело и излетало од патот. Повреденото лице било извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица Берово, по што со брза интервенција е пренесено од екипа на Итна медицинска помош, потврди за МИА командирот на ТППЕ Берово Димитар Гошевски, пренесува Делчево.365.