Четириесет и шестгодишен маж, М.И. од Скопје, пронајден во безживотна состојба во Дебарското Езеро, во близина на општина Центар Жупа.
Полицијата и јавниот обвинител извршиле увид на местото на настанот, додека неговото тело е испратено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. Според извештаите од Општата болница, на телото немало траги на насилство.
Според извештаите, жртвата бил рибар кој често го посетувал езерото и имал дозвола за риболов. Ова е втор инцидент со давење во Дебарското Езеро оваа година, по трагичниот инцидент кон крајот на јуни кога 27-годишна жена го загуби животот во близина на градската плажа.
Превземено: ВоЦентар


