Баба Ванѓа предупредува: Катастрофална есен 2025 – оган од небото, распад на сојузи и контакт со вонземјани

0
61

Додека летото завршува, повторно се актуелизираат визиите на Баба Ванѓа, чијашто оставнина и денес предизвикува вознемиреност и стравопочит.

Според толкувањата, есента 2025 година носи мрачни предвидувања. „Двојниот оган“ што Ванѓа го споменувала се толкува како комбинација од разорни пожари и вулкански ерупции, но некои во ова гледаат и знак за астероид или силна сончева ерупција.

Меѓу предвидувањата се и серија природни катастрофи – земјотреси и поплави, особено една голема трагедија во Азија. На геополитички план, визијата за „скршената обединета рака“ се врзува со можен распад на големи сојузи како НАТО или ЕУ и избиување нов конфликт во Европа.

Посебно внимание привлекува најавата за „прв официјален контакт“ со вонземјани, кој наводно ќе се случи за време на голем спортски настан, оставајќи го светот во шок.

Сепак, покрај мрачните прогнози, се спомнуваат и позитивни поместувања: револуција во медицината преку одгледување органи во лабораторија и откритие на нов, чист и речиси неисцрпен извор на енергија.