Ѕвездено небо во Штип – светлина за младите животи изгубени во Пулс

0
35

На 16 септември кога навршуваат шест месеци од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 62 млади, а помеѓу нив беа и пет млади штипјани, на Градскиот плоштад во Штип ќе се запалат свеќи и ќе се направи ѕвездено небо во нивна чест.

Во објавата на социјалните мрежи стои:
” … Да им испратиме порака, да им испратиме светлина за да видат дека не се заборавени!
Штип не заборава! Кочани, заедно сме со вас!

20 ч. – палење свеќи во чест на сите починати на градскиот плоштад;
20.30 ч. – ѕвездено небо како порака дека светлината постои и во најмрачните денови.
Да се обединиме сите во чест на нашите ангели и сите заедно да ги вклучиме светилките од мобилните телефони!”