Игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез и неговиот помошник биле уапсени додека се обидувале да продадат десетина византиски икони и две евангелија за 200.000 евра, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според полицијата игуменот бил уапсен во моментот кога се обидел да ги продаде византиски реликвии на полицаец кој се претставил како купувач. Грчките медиуми објавија дека двете евангелија се од 1737 и 1761 година, а Министерството за култура на Грција ќе ги истражи реликвиите за да се процени нивната религиозна и трговска вредност.


