Терористички напад во Ерусалим: Има мртви и десетици повредени

0
51

Четири лица се убиени, а 15 се повредени во пукотница на периферијата на Ерусалим, соопшти израелската служба за брза помош, објави Ројтерс. Според полицијата, сторителите се убиени. Сè уште не е јасно кој ја извршил пукотницата или кој бил мотивот.

Израелската полиција ги опиша стрелците како „терористи“, без да прецизира колкумина биле вклучени во инцидентот. Претходно, службата за брза помош објави дека 15 лица се повредени, од кои најмалку пет се во сериозна состојба со прострелни рани.

Болничарите кои пристигнале на местото на настанот ги пронашле жртвите и повредените во близина на автобуска станица. CNN подоцна објави дека бројот на мртви е пет.