Реакции од Кремљ по заканите од Трамп: „Санкции никогаш нема да ја принудат Русија да ја промени својата позиција“

0
57

Откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Белата куќа потврди дека е „подготвен за втората фаза од санкционирањето на Русија“ поради војната во Украина, реакцијата на Кремљ пристигна денес.

Кога беа прашани за коментарите на Трамп, Кремљ рече дека Европа и Украина прават сè што можат за да ги привлечат САД во својата орбита. Тие додадоа дека никакви санкции никогаш нема да можат да ја принудат Русија да ја промени својата позиција.

Превземено: Кајгана