Двајца полицајци се убиени, а еден е ранет во вооружен напад врз полициска станица во западниот турски град Измир, јави Анадолија.Шеснаесетгодишно лице отворило оган од пушка врз станица во населбата Балчова. Ранетиот полицаец е пренесен во болница.Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерлијака, соопшти на социјалните мрежи дека напаѓачот е уапсен.Министерот за правда Јилмаз Тунч информираше дека локалното обвинителство покренало истрага.


