Велосипедист се судрил со возач на тротинет во скопска Бихаќка. Возачот на тротинетот експресно избегал од местото на несреќата

0
95
Young woman suffering from elbow pain after e-scooter riding accident on a city street

Сообраќајна несреќа се случила ноќеска околу 01 часот по полноќ на улица Бихаќка во Скопје, непосредно пред влезот на Министерството за внатрешни работи.

Во инцидентот учествувале велосипед и електричен тротинет, при што велосипедистот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во болница. Возачот на тротинетот, пак, побегнал од местото на несреќата и по него трага полицијата.

Овој настан следи по неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој се пожали дека и самиот за малку ќе бил прегазен од деца кои управувале со тротинет во центарот на градот.

Превземено: Булевар.мк