30 дена до подобро здравје: Најлесниот план за пешачење

0
77

Летото е годишно време кога многумина стануваат мрзливи. Малку пливање и многу лежење во сенка им се попривлечни од физичка активност. По такво лето исполнето со одмор, не е секогаш лесно да се вратите на поактивен начин на живот.

Но – физичката активност е важна за нашето здравје. Таа го подобрува кардиоваскуларното и метаболичкото здравје, го подобрува расположението и ни помага да се чувствуваме подобро.

Затоа оставете ги изговорите и вратете ја физичката активност во вашата дневна рутина. Најлесниот начин да го направите тоа е преку пешачење.

Пешачењето е наједноставната активност која не бара никаква дополнителна опрема освен пар патики. Можете да пешачите низ маалото, во паркови, каде и да ви изгледа пријатно.

За да ви го олесниме враќањето кон физичката активност по летото, во продолжение ви нудиме 30-дневен план за пешачење кој лесно ќе го спроведете, а истовремено ќе ја вратите мотивацијата, така што и по истекот на месецот без двоумење ќе продолжите со шетање.

Запомнете: на почетокот најважно е пешачењето да ви стане навика, а помалку е важна дистанцата што ќе ја поминувате.

За сите кои сепак сакаат да се водат по план, еве го веќе споменатиот едноставен 30-дневен план кој сигурно ќе даде резултати.

За секој ден, односно недела, е определен број чекори кои треба да ги поминете (одеднаш). Исто така, постојат три нивоа, а вие проценете која ви одговара:

 

1–7 ден:

– Ниво 1: 5.000 чекори дневно
– Ниво 2: 7.000 чекори дневно
– Ниво 3: 7.500 чекори дневно

8–14 ден:

– Ниво 1: 5.500 чекори дневно
– Ниво 2: 7.500 чекори дневно
– Ниво 3: 8.000 чекори дневно

15–22 ден:

– Ниво 1: 6.000 чекори дневно
– Ниво 2: 8.000 чекори дневно
– Ниво 3: 9.000 чекори дневно

23–30 ден:

– Ниво 1: 6.500 чекори дневно
– Ниво 2: 8.500 чекори дневно
– Ниво 3: 10.000 чекори дневно