Србија набави 11 роботи за училиштата. Роботот Воли ќе им помага на децата со попреченост

0
44
Со доаѓањето на хуманоидниот робот Воли во училниците, во Србија ќе започне нова ера на инклузивно образование, во чекор со современата пракса во светот. Воли е веќе докажан асистент во образовната пракса во поразвиените земји, кого децата го обожаваат, а ја олеснува работата на наставниците, пишуваат српските медиуми.
Министерството за образование на Србија ќе им додели 11 вакви роботи на училиштта кои се ресурсни центри за поддршка на инклузијата.

Всушност, роботот е управуван од наставниците. Тој може да зборува, но исто така го привлекува вниманието со својата невербална комуникација, движењата што ги прави додека изговара дадени реченици и одговара на прашања.

Од гледна точка на децата, Воли е паметна играчка, од перспектива на наставникот – паметна алатка за учење, сојузник во наставата.
Хуманоиден робот е едно од можните средства во спектарот на асистивна технологија, кое придонесува за инклузивно образование, го поттикнува развојот на учениците на кои им е потребна дополнителна поддршка поради попреченоста, како и на сите други ученици.