Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денес изјави дека пред Филозофскиот факултет во Нови Сад за време на протестот „Србија, можеме ли да се слушнеме?“, имало масовен напад врз припадници на полицијата и изјави дека тоа било договорено и очигледно планирано. Според Дачиќ, 18 полицајци се повредени во Нови Сад синоќа.Вкупно 42 лица беа приведени, 18 полициски возила беа оштетени, а на еден полицаец му беше одземен службениот пиштол, рече Дачиќ.Кога станува збор за провалата во Ректоратот, Дачиќ вели дека полицијата влегла во зградата по покана на ректорот на Универзитетот во Нови Сад, Дејан Медиќ.


