Околу 9.380 луѓе беа низ цела Србија на митинзи против владата. Помалку од 10.000 луѓе, во Нови Сад, околу 7.020 според нашиот број. Во Нови Сад, во присуство на претседателот на Европскиот Парламент, некои се обидоа да ја загрозат стабилноста и безбедноста на Србија со фантоми на главите, изјави синока претседтелот на Србија во вонредно обраќање по судирите на полицијата и демонстрантите-студенти, на протестите во овој град.
– Тие сакаа по секоја цена да ги окупираат просториите на Филозофскиот факултет. Полицијата си ја заврши работата, строго професионално. 11 полицајци беа повредени. Тие беа нападнати од чист мир. Неколку лица беа приведени – рече Вучиќ.


