Постојат сосема логични објаснувања зошто возачите се одлучуваат на овој потег. Можеби некогаш сте забележале необична глетка — ретровизор на автомобил покриен со пластична кеса — и за тоа постои сосема разумна причина. Имено, на тој начин ги штитат од штета која може да ја предизвикаат птиците.
Непријатни искуства имаат возачите на чии ретровизори птиците, поради инстинктивни реакции — особено во сезоната на парење кога жестоко го бранат својот териториј — ги скршиле стаклата.
Кога птиците го гледаат својот одраз во ретровизорот, го толкуваат како присуство на друга птица која го напаѓа нивниот простор. Во обид да го одбранат, го напаѓаат со клун и мавтање со крилјата, што може да предизвика штета, пишува El País.

Изметот — вториот непријател на автомобилот
Освен физичката штета на ретровизорот, птичиот измет долгорочно може да ја оштети каросеријата. Причината? Содржи киселини кои негативно влијаат на бојата на автомобилот — особено ако не се отстранат навреме.
Затоа, многу ефикасна техника за спречување на овие напади е покривање на страничните ретровизори со пластични кеси или со специјални навлаки. Со отстранување на рефлексијата, птицата веќе не ја перцепира заканата и го губи интересот за одбрана на територијата.
Оваа техника е особено корисна во рурални подрачја како што се полиња, шуми и кампови.


