Добиле порака дека синот им загинал. Дошле, провериле и го нашле жив во болница

0
75
Семејство од Германија добило повик од властите во Лисабон дека нивниот син (46) починал во ужасната несреќа на фуникуларот во Лисабон. Меѓутоа, кога пристигнале во мртовечницата за да го идентификуваат телото, се случил пресврт.

Имено, кога дошле, сфатиле дека нивниот син не е меѓу жртвите, но го пронашле жив во болницата.
Португалската полиција во четврток потврдила дека меѓу загинатите е и германски државјанин, но таа информација подоцна се покажала како неточна поради промена на идентитетот. Родителите на наводната жртва, германски турист, дошле во петокот да го идентификуваат телото, но не го пронашле.

– Физичкиот опис на германскиот државјанин што го добивме бил многу сличен на описот на Британецот. Дури по научни тестови било можно да се утврди вистинскиот идентитет на починатата жртва – изјавила портпаролката на полицијата.