Албанија – Меѓународниот аеродром во Тирана станува регионален лидер, бележи рекорден раст

0
66

Меѓународниот аеродром во Тирана постави уште еден рекорд по бројот на патници и летови.
Вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, објави дека бројот на патници во периодот јануари-август се зголемил за 9%, достигнувајќи 7.833.109 патници.

Според неа во овој период се реализирани 42.462 летови, што е зголемување од 2% во споредба со истиот период минатата година.
Најголеми корисници на услугите на овој аеродром, освен албанските, се македонските, косовските и црногорските граѓани.