8 милиони денари обезбедија волонтерите од “Support Kocani” за повредените и загинатите во кочанскта дискотека Пулс.
-Сакаме да им се заблагодариме на сите хумани луѓе кои покажаа солидарност и емпатија во нашите најтешки моменти. Вие ни дававте сила и храброст сите овие месеци да помагаме на нашите сограѓани. Ние иако уморни, психички и физички, после скоро 6 месеци, сеуште не се откажуваме и напорно работиме, потенцираа активистите.


