Тефлонска тава: Секојдневни навики што ја уништуваат

0
47

Тефлонот овозможува термичка обработка без лепење на храната за дното, но тоа не е возможно ако сме го оштетиле тефлонот со несоодветна употреба.

1. Печеме стекови на тефлонска тава
Тефлонските тави се дизајнирани за готвење на пониски температури, како на пример за пржење јајца. Бидејќи оваа тава содржи пластични полимери, не се препорачува да се користи на исклучително високи температури, што ја исклучува подготовката на големи стекови.
Стековите подобро испечете ги на скара или во керамичка тава.

2. Користиме метални алатки за готвење
Тефлонот овозможува готвење без лепење, но тоа не функционира ако го оштетиме со метални алатки како лажици и мешалки.
Наместо тоа, користете дрвени или силиконски алатки.

3. Не ја заштитуваме тефлонската површина при складирање
Тефлонската површина може да се оштети ако садовите ги редиме еден врз друг, особено ако ставиме метален сад врз тефлонската тава.
За да избегнете гребнатини, ставете хартиена салфетка врз тефлонската тава.

4. Ги миеме тавите во машина за садови
Тефлонската тава не поднесува врела вода и абразивни средства. Не ја мијте во машина за садови.
Наместо тоа, измијте ја со млака вода и нежно истријте ја со мека сунѓерче.

5. Ја оставаме храната во тефлонската тава
По готвењето, најдобро е храната да се префрли на чинија или во друг сад. Долготрајното чување на храна во тавата ја зголемува опасноста од оштетување на тефлонската површина.