На 12-години веќе минува низ хемотерапии – Да донираме за операција за 12-годишниот Божидар од Крива Паланка

0
79

Божидар Коцевски од Крива Паланка има само 12 години, а веќе се соочува со најтешката борба – борбата за живот. Во декември му бил дијагностициран редок и агресивен вид на рак. До денес примил 10 хемотерапии, а пред него е уште една – по што мора итно да замине на операција во специјализираниот центар „Princess Maxima Centrum“ во Холандија.

Операцијата не може да се изведе во Македонија, а времето е најголемиот непријател – секој ден е од пресудно значење.

Божидар е второ од три деца. Тој е момче со огромно срце и талент за уметност, кое најмногу сака да слика и да ја изразува својата душа преку боите и четките. Сега неговиот свет е загрозен од суровата болест, но неговите соништа не смеат да згаснат.

Семејството самостојно не може да ги покрие огромните трошоци за операцијата и лекувањето во странство.

Потребната сума според профактурата изнесува 2.852.000 денари. Затоа, време е сите заедно да застанеме зад Божидар.

* Секоја ваша донација е чекор кон спасување на едно детско срце кое заслужува иднина.

* Донирајте преку картичка – со износ од 100 до 6000 денари дневно по картичка – со клик на копчето „Поддржи ја кампањата“.

* Временската рамка е еден месец.

Ајде да покажеме дека заедно можеме да создадеме чудо!

ДОНИРАЈТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК.