Колец во уста и нож во гениталии. Крвава драма во Прокупље

0
86
Жителите на Прокупље и околината се во шок по драмата што се случи завчера попладне кога тројца мажи од селото Кожинце го нападнаа А. Т. (25) од планинското село Мацине и му нанесоа повреди по главата, телото и по гениталиите!

Тепачката се случила во селото Житни Поток, каде тројца напаѓачи го пресретнале А. Т. кој се враќал од шумата. Прво се обиделе да му забијат кол во устата, потоа го удриле неколку пати по телото и на крај го сечеле по гениталиите со нож! Тие цело време го снимале нападот со мобилни телефони.

Полицијата ги привела напаѓачите – татко и двајца синови. Истражителите веруваат дека мотивот за нападот е тоа што сопругата на еден од напаѓачите го напуштила сопругот и почнала да живее со нападнатиот А.Т.

Според српските медиуми, по нападот А.Т. бил оставен да лежи на земја, а напаѓачите си заминале.