По пријава на 35 годишниот беровчанец Г.М, полицијата трага по исчезнатиот 54 годишен Е.Р,негов сограѓанин,кој работел кај него како сточар. Бил извршен разговор со лицето кое работело со него, при што изјавило дека тој ден, 02 септември, Е.Р. отишол да го бара изгубениот добиток и не се вратил. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.


