Бугарија – Жељазков – Кошта: За да напредува кон ЕУ, Северна Македонија мора да ги исполни условите од 2022 година

0
83

Единствениот пат напред за Република Северна Македонија е целосно спроведување на договореното од јули 2022 година, без можност за нивна ревизија.

Ова го изјавил премиерот Росен Жељазков на заеднички брифинг со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, објави БГНЕС. Тој потсети дека бугарските влади на Бојко Борисов добро соработувале со владите на РСМ на Зоран Заев и Димитар Ковачевски, кога беше потпишан и Договор за добрососедство.