Албанија со потерница го бара почесниот конзул на Македонија во Турција

0
67
Билал Кара (45) од Албанија, еден од сопствениците на ланецот болници „Санте Плус“, која има своја клиника и во Скопје, албанската полиција го бара со потерница поради сомневање за сторени злоупотреби преку приватната клиника „Интернешнл медикер“ (поранешна „Санте Плус“).

Кара во 2023 година беше именуван за почесен конзул на Македонија во Република Турција, со седиште во Измир.

„Клиниката беше блокирана откако наводно не пријавила профит во вредност од еден милион евра. Исто така, за време на проверките, полицијата откри дека оваа клиника давала лекови кои биле со истечен рок или шверцувани производи. Кај пет вработени беше утврдено дека се неосигурани, објавија албанските медиуми.
Групацијата „Санте Плус” има три болници во Скопје (две во Ѓорче Петров и една на Булеварот „Партизански Одреди“), а лани била купена и приватната здравствена уставова „ВФВ клиника“.