Албанија – Рама со критика до домашните туристи: „Најмногу загадуваат токму оние што зборуваат албански“

0
44
Еди Рама остро ги критикуваше домашните туристи од Албанија, Косово и Северна Македонија, нарекувајќи ги „најголеми загадувачи на плажите“ во земјата. Според Рама, странските посетители кои зборуваат англиски, италијански или шпански не се проблемот, туку токму туристите кои зборуваат албански јазик – и кои, како што рече, „често демонстрираат патриотизам на фудбалските стадиони со повици за војна со Србија“, но не покажуваат ист патриотизам кога станува збор за грижата за животната средина. Рама најави и можни рестрикции за одредени типови музика на плажите, вклучувајќи и забрана на „талава“-музиката во баровите и клубовите покрај морето, како дел од иницијативите за унапредување на квалитетот на туристичката понуда.